• петок, 05 декември 2025

На Дебарско Езеро утре натпревар во спортски риболов на тапа

На Дебарско Езеро утре натпревар во спортски риболов на тапа

Дебар, 15 ноември 2025 (МИА) - Дебарско Езеро станува се попосакувана дестинација за спортските риболовци, но и место каде што се одржуваат натпревари по спортски риболов, со учество на риболовци од многу градови во државава, но и надвор од неа.

-Утре повторно ќе имаме риболовно дружење и натпреварување во спортски риболов, овој пат на тапа. Ќе учествуваат 15 екипи со по три члена, и тоа од Македонија, Косово и Албанија. Ќе бидат распоредени долж градската плажа. По извлекување на позиции и пристап до стартните места, подготовката и прихраната, натпреварот почнува во 10 а завршува во 14 часот, изјави за МИА Бели Халити, претседател на дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“.

Според него, ќе се лови во три сектори, по еден член во секој и тоа клен, бојник, белвица, пастрмка, крап, караш, а за најуспешните ќе бидат доделени пехари и медали за првите три места екипно, како и за првите три места поединечно.

-Сакам да ги информирам ценетите риболовци кои за време на викедндите ги има во голем број од сите делови на државава, дека утре делот за слободен риболов кај месноста Удово е забранет до крајот на организацијата. Сите оние кои сакаат да го следат натпреварот не смее да се приближуваат до натпреварувачите. Замолуваме за разбирање, нагласи Халити.

На почетокот на минатиот месец беше одржан традиционалниот крап куп. вт/мч/

Фото: СРД „Трофта

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан