Велешани може да аплицираат за стан во зграда на Хабитат Македонија
- Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, кое обезбедува едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања, на заинтересирани велешани им нуди можност за пријавување за стан односно за сопствен дом со вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Велес,6 април 2026 (МИА) - Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, кое обезбедува едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања, на заинтересирани велешани им нуди можност за пријавување за стан односно за сопствен дом со вклучување во Програмата за новоградби во Велес. Заинтересираните семејства имаат можност за аплицирање за стан во објект што е во завршна фаза на изградба во населбата „Хабитат“. Во оваа седма зграда во населбата Хабитат во новиот дел на Велес има 16 нови станови, со површина од од 45 до 72 m2. Крајниот рок за аплицирање за заинтересираните е 20 април 2026 година.
Становите за кои што семејствата ќе аплицираат можат да се видат секој работе ден од 09:00 до 15:00 часот
Сите потребни документи за вклучување во Програмата за новоградби на заинтересираните семејства достапни се на www.habitat.org.mk. Информации можат да се добијат и во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес кои се наоѓаат на улица „Невена Георгиева Дуња“ бр. 4а, стан бр. 1, во приземје и на моб.тел број 071/269-453 или во Скопје на фиксен телефонски број 02/3061-890.
Како што информираат за МИА, од канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес оваа е седма зграда на Хабитат Македонија во Велес, а наскоро ќе започне да се гради и осмата..Се планира во оваа населба во новиот дел на Велес да се изгадат уште 4 згради и со постоечките 7 да бидат вкупно 11 Хабитат згради во Велес.ад/
Фото МИА архива