• вторник, 07 април 2026

На Фестивалот „5 РЕ“ вечер ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ на МНТ

На Фестивалот „5 РЕ“ вечер ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ на МНТ

Велес, 6 април 2026 (МИА) – На големата  сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер во рамките на програмата на 5. Фестивал „5 РЕ“ќе биде одиграна преставата „Народен пратеник“во режија на Егон Савин во изведба на актерите од Македонскиот Народен Театар од Скопје.

Фестивалот продолжува утревечер со претставата „Аматери“ во режија на Ненад Витанов во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Фестивалот „5 РЕ“ завршува на 8 април во среда вечер  со претставата „Сите прекрасни нешта“ во режија на Дејан Пројковски на ОХО продукција, а  ќе бида врачени и наградите на фестивалот.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан