• петок, 26 јули 2024

На граничните премини Табановце и Богородица се чека по еден час за излез од државата

На граничните премини Табановце и Богородица се чека по еден час за излез од државата

Скопје, 8 август 2023 (МИА) - На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сх/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан