• сабота, 23 ноември 2024

На граничниот премин Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час

На граничниот премин Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. 

Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. И тоа во петок од 15:00 – 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и во недела од 07:00 до 22:00 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан