• петок, 26 јули 2024

На ГП Табановце и ГП Богородица за влез во земјава се чека по еден час

На ГП Табановце и ГП Богородица за влез во земјава се чека по еден час

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час.

Како што информираат од АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сст/

Остани поврзан