• понеделник, 23 декември 2024

На вонредна крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 67 единици крв

На вонредна крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 67 единици крв

Крива Паланка, 12 август 2024 (МИА) – На вонредна крводарителска акција во организација на Црвен Крст, општинска организација Крива Паланка, собрани се 67 единици крв.

Како што информираше Маја Сточевска од ОО Црвен Крст - Крива Паланка, вонредната акција се организира на десет дена пред редовната акција, поради како што рече, намален број на крвни резерви.

– Акцијата е вонредна и се организираше поради намалениот број крвни резерви, а се одржа во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје. Оваа е десетта акција за 2024 година што ја организира нашата општинска организација на подрачјето на Општина Крива Паланка и Ранковце, а следната редовна акција според годишниот календар е закажана за десет дена, на 22 август, информира Маја Стојчевска од ОО Црвен Крст Крива Паланка.

Во рамки на редовните активности на организацијата младите волонтери во чест на Меѓународниот ден на млади спроведоа активности од кампањата „Безбедно лето", патролна активност во соработка со Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.

– Волонтерите заедно со полициски службеници на случајните минувачи и возачи во градот им поделија флаширана вода, едукативни флаери за заштита од топлотен бран и едукативни флаери за безбедност во сообраќајот, посочуваат од Црвен Крст Крива Паланка. ид/ра

Фото: МИА

Остани поврзан