• четврток, 05 септември 2024

Најниска температура утрово во Лазарополе и во Берово, измерени 10 степени

Најниска температура утрово во Лазарополе и во Берово, измерени 10 степени

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе и во Берово 10 степени, а највисока или 18 степени во Кавадарци, Виница и Штип. 

Како што информира УХМР, 12 степени се измерени во Маврови Анови, 14 во Битола, Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово и Прилеп, 15 во Охрид, Крушево и Струмица, 16 во Скопје-Петровец, Куманово и Велес, 17 во Демир Капија, Гевгелија и Скопје-Зајчев Рид. 

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно тивко со мала облачност, која утринава е во централните делови од земјата и на југозападот. Утринава дува слаб променлив ветер.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени. 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. мд/цр/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан