• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 50 загинати во бродолом во Конго

Најмалку 50 загинати во бродолом во Конго

Киншаса, 3 октомври 2024 (МИА) – Брод со десетици патници се преврте во езерото Киву во источниот дел на Демократска Република Конго, при што загинаа најмалку 50 луѓе.

Сè уште не е познато колку луѓе имало во пловилото, и колку загинале, но очевидци велат дека виделе спасувачки служби како извлекувале најмалку 50 тела од водата.

Според нив, 10 луѓе преживеале и биле пренесени во локална болница.

Преоптоварениот брод потонал на само неколку метри од пристаништето во Китуку.

Ова е уште една смртоносна бродска несреќа во централноафриканската земја. Главната вина за несреќите е преоптоварувањето на пловните објекти. Летово, 80 луѓе загинаа кога брод се преврте во близина на главниот град Киншаса. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан