• недела, 16 март 2025

Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани

Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. 

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан