Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош
- Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 март 2025 (МИА) – Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.
- Претседателот на државата, Константинос Тасулас во својата порака со сочувство до претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази најдлабокото сочувство на грчкиот народ и лично неговото за жртвите во неописливата трагедија во градот Кочани. Господинот Тасулас им посака брзо закрепнување на повредените и ја увери неговата колешка дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, соопштија од кабинетот на грчкиот претседател.
Сочувство и подготвеност за помош до нашата земја, претходно изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, кој имаше телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. ср/aц/