• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 33 војници загинаа во напад во Буркина Фасо

Најмалку 33 војници загинаа во напад во Буркина Фасо

Уагадугу, 28 април 2023 (МИА) - Во вчерашниот напад во источна Буркина Фасо загинаа 33 војници, а 12 беа ранети, соопшти владата предводена од војската, што е последниот бран на насилство во земјата која се бори против бунтот на џихадистите.

Нападот извршен вчера изутрина беше насочен кон воен одред во градот Угару во источна Буркина Фасо, а армијата соопшти дека опколените војници убиле најмалку 40 „терористи“.

Буркина Фасо е една од неколкуте западноафрикански земји кои се борат со насилниот исламистички бунт што се прошири од соседно Мали во изминатата деценија, што доведе до илјадници загинати и раселени повеќе од два милиони луѓе.

Насилството во земјата се зголеми во последниве месеци додека властите се борат да ја вратат контролата на теренот, додека вооружените сили исто така беа обвинети за неселективно убивање цивили за време на мисии против бунтовниците. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан