Најмалку 24 лица загинаа во нападите во Кашмир
- Извршителите на терористичкиот напад во туристичкото место Пахалгам, во јужниот дел на индиската држава Џаму и Кашмир, ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вети гувернерот на државата Маној Зинја.

Њу Делхи, 22 април 2025 (МИА) - Извршителите на терористичкиот напад во туристичкото место Пахалгам, во јужниот дел на индиската држава Џаму и Кашмир, ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вети гувернерот на државата Маној Зинја.
Најмалку 24 лица загинаа, а 20 се повредени во денешниот напад на Пахалгам. Се уште се утврдува точниот број на жртви.
-Најостро го осудувам гнасниот терористички напад врз туристите во Пахалгам. Го уверувам народот дека оние што стојат зад овој грозоморен напад нема да останат неказнети“, нагласи гувернерот на „Х“.
Според властите, нападот бил дело на милитанти кои отвориле автоматски оган врз туристите во Баисаран, на околу пет километри од Пахалгам. мс/
фото: ЕПА