• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 15 загинати во инциденти во затворот Литорал во Еквадор

Најмалку 15 загинати во инциденти во затворот Литорал во Еквадор

Кито, 12 ноември 2024 (МИА) – Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени при инцидент во еквадорскиот затвор Литорал во Гвајакил, соопшти денеска затворската агенција СНАИ.

Смртта и повредите се случиле за време на „сериозни инциденти меѓу“ затвореници, се вели во соопштението на агенцијата објавено на социјалните мрежи.

Стотици луѓе загинаа во затворите во Еквадор во последниве години, поради зголемениот криминал за кој се обвинуваат нарко бандите. јт/

Фото: Х

Остани поврзан