• вторник, 26 ноември 2024

Најмалку 15 жртви во автобуска несреќа во Индија

Најмалку 15 жртви во автобуска несреќа во Индија

Њу Делхи, 4 ноември 2024 (МИА) – Најмалку 15 луѓе загинаа откако патнички автобус излетал од патот во северна Индија и паднал во длабока клисура, соопштија локалните власти.

Несреќата, во која се повредени повеќе од 25 луѓе, се случила во областа Алмора во државата Утараханд.

Во автобусот имало повеќе од 40 луѓе, а досега се пронајдени 15 тела.

Спасувачите се на терен, а се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи на местото на несреќата се уште има заробени луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан