• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку тројца ранети и осум уапсени демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим

Најмалку тројца ранети и осум уапсени демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим

Ерусалим, 18 јуни 2024 (МИА) - Најмалку три лица се повредени, а осум се уапсени доцна синоќа во Ерусалим во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата пред приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија израелските медиуми.

Според „Тајмс оф Израел“, полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Ерусалим претходно за да го изразат својот протест против владата на Нетанјаху поради неуспехот да постигне договор за заложниците, јави ДПА.

На протест пред зградата на Кнесетот (израелскиот парламент) демонстрантите повикаа на предвремени избори, како и на договор за олеснување на ослободувањето на преостанатите израелски заложници кои се држат во Појасот Газа.

Владата на Нетанјаху ја сочинуваат неговата десничарска верска партија Ликуд, како и екстремно десничарски и ултра-религиозни коалициски партии. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан