• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку девет загинати во израелски напад во источен Либан

Најмалку девет загинати во израелски напад во источен Либан

Бејрут, 14 ноември 2024 (МИА) - Најмалку девет лица загинаа денеска, а петмина се ранети во источен Либан, кога израелски воздушен напад погоди зграда во градот Баалбек.

Израелската армија се уште не го коментирала нападот, кој бил извршен без предупредување. Засега не е познато која била целта на нападот.

Израелските воени авиони денеска ги интензивираа нападите врз Либан, гаѓајќи различни области на југот и на истокот на земјата, вклучително и предградијата на градот Тир и провинцијата Набатие, јави либанската национална новинска агенција.

Мета на израелски напади беа и јужните предградија на Бејрут, кои зачестија во последните два дена.

Израелската армија издаде предупредување за евакуација на неколку локации и згради во предградијата на Бејрут.

Војската ги потврди нападите на позициите на проиранското либанско движење Хезболах во областа Дахија, вклучувајќи магацини за оружје и командни центри.

Според денешните податоци на либанското Министерство за здравство, бројот на загинати од почетокот на конфликтот со Израел на 8 октомври 2023 година достигна 3.365, а ранети се 14.244 лица. Речиси 1,2 милиони жители се раселени. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан