• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку две лица убиени, а 34 повредени во руски напад врз Харков

Најмалку две лица убиени, а 34 повредени во руски напад врз Харков

Киев, 31 октомври 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 34 се повредени во руски напад со воздушна бомба врз повеќекатна зграда во Харков, соопшти денеска шефот на регионот Харков, Олег Синегубов.

„Во овој момент повредени се 34 лица. Едно дете почина“, рече тој.

Како што пренесуваат украинските медиуми, поради рускиот напад доцна во средата, целосно е уништен влезот на оваа деветкатница.

Украинските власти во средата вечерта известија дека во нападот се повредени 23 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан