Форум на тема „Да ги спасиме младите од зависностите“
- Сојузот за превентива од болестите на зависност денеска организира форум „Да ги спасиме младите од зависностите“ во рамки на одбележувањето на ноември - месец на борбата против болестите на зависност.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Сојузот за превентива од болестите на зависност денеска организира форум „Да ги спасиме младите од зависностите“ во рамки на одбележувањето на ноември - месец на борбата против болестите на зависност.
Форумот ќе го отвори д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а панелисти кои ќе се осврнат на зависностите од тутун, алкохол и дрога ќе бидат д-р Мартин Петровски од ИЈЗ и пензионираниот социолог Миле Гиновски.
Како што најави Сојузот, на форумот во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ ќе присуствуваат директори, педагози и психолози од основните и средните училишта на Град Скопје. хс/бак/
Фото. МИА архива