УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој
- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, со истакнување на врвните резултати во научноистражувачката дејност од претходната календарска година.

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, со истакнување на врвните резултати во научноистражувачката дејност од претходната календарска година.
На одбележувањето ќе се обрати ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, а ќе бидат доделени награди за најдобри научници / уметник на УКИМ за 2023 година и Плакета на УКИМ за врвни достигнувања во науката. дма/са/
Фото: Плакат