• среда, 31 јули 2024

Сончево и топло, до 38 степени

Сончево и топло, до 38 степени

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според УХМР, следува период на топло време. Во деновите од викендот наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално и услови за појава на невреме. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан