Собранието ќе ја одржи 27-та седница
- Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 27-та седница.

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 27-та седница.
На дневен ред се Предлог измените на Законот за заштита на децата во второ читање, Предлог измените на Законот за воздухопловство, Законот за пожарникарството, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и на Законот за задолжителниот примерок, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и по неколку автентични толкувања на членови на закони. фф/бак/
Фото: МИА Архива