• среда, 27 ноември 2024

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денеска треба да ја одржи 39. седница.

На дневен ред се утврдувањето предлог листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, предлог-одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, предлог-одлуката за именување на член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и предлог-одлуката за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан