• среда, 25 декември 2024

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - „​Саем за транспорт 2023“ ќе се одржува од денеска до 9 јуни на отворено, во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се претстават повеќе од 30 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко. 

Меѓу потврдените учесници се бренд-имињата на импортери на товарни возила (Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang Yong, Piaggio Commercial, Krone, Carrier, Thermo king), како и други компании со комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги.

Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.

„Саем за транспорт 2023“  ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители и деловна публика, секој ден од 10 до 18 часот. 

Саемот за транспорт е дел од трилогијата „Саеми во пролет“ во организација на „Скопски саем“. дма/нд/

 

 

 

Остани поврзан