Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest"
- Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest" што ќе се одржи во Скопје.
Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.
Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.
- Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите. бак/ев/