• недела, 15 декември 2024

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) -  Брифинг за степенот на борбената готовност на Армијата за 2024 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, ќе се одржи денеска во Домот на Армијата во Скопје.

Како што најави Генералштабот на Армијата, пред врховниот командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, претставниците на Кабинетот на претседателката и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе информира за реализацијата на плановите, задачите и состојбата во Армијата во текот на 2024 година.

Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, чија цел е претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.

Претседателката Сиљановска Давкова ќе биде информирана за состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање. дма/ев/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан