Промоција на „Приватна насмевка“ на Гоце Дртковски во Јавна соба
- Изданието содржи тринаесет раскази и четири есеи посветени на темата слобода, а претставува прв литературен наслов на Дртковски, во издание на „Љубовта е петтиот елемент“. На промоцијата, актерот Филип Трајковиќ ќе чита извадоци од книгата, а атмосферата ќе биде збогатена со македонски забавни мелодии.
Скопје, 9 октомври 2025 (МИА) – Книгата Приватна насмевка од новинарот и публицист Гоце Дртковски ќе биде промовирана денеска во културниот центар „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 20 часот.
Изданието содржи тринаесет раскази и четири есеи посветени на темата слобода, а претставува прв литературен наслов на Дртковски, во издание на „Љубовта е петтиот елемент“. На промоцијата, актерот Филип Трајковиќ ќе чита извадоци од книгата, а атмосферата ќе биде збогатена со македонски забавни мелодии.
Гоце Дртковски е автор на повеќе публицистички дела, меѓу кои Затворено општество, Слободен новинар, Вонредна состојба и Непријатност во Културата.
Во новата книга, преку ликови кои се спротивставуваат на мејнстримот, авторот нуди скептична книжевна перспектива кон животот, ослободена од патос и конформизам.ар/са/
Фото: Дртковски