• четврток, 25 јули 2024

Промоција на книгата „Пејзаж на тишината“ на Маја Николовска

Промоција на книгата „Пејзаж на тишината“ на Маја Николовска

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) – Во галеријата на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, денеска во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пејзаж на тишината“ на Маја Николовска.

На промоцијата ќе бидат изложени дела на авторката кои се застапени во книгата, како и видео презентација од поетските литературни читања на Николовска, пропратени со ликовни дела и инструментални композиции чиј автор е таа, во аранжман и изведба на пијано на Александар Китевски. Изложбата ќе ја отворат Виолета Калиќ и Душко Кралевски. ра/са/

Фото: Виолета Калиќ

Остани поврзан