Промоција на книгата-омаж „Јанко Николовски - Поетика на животот“
- Вечерва во Салонот 19.19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата-омаж „Јанко Николовски - Поетика на животот“

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Вечерва во Салонот 19.19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата-омаж „Јанко Николовски - Поетика на животот“
Делото е посветено на познатиот македонски новинар Јанко Николовски, теоретичар на културата и автор на книги од областа на слободата на изразување.
Книгата ќе ја промовираат автори и соработници на Николовски од Црна Гора, Жељко Рутовиќ и Мирко Јаковлевиќ, како и македонскиот адвокат Нико Поленак
„Јанко Николовски - Поетика на животот“ е издадена во 2021 година во Подгорица. сан/сп/