• среда, 25 декември 2024

Пред пратениците Предлог-законот за минимална плата поднесен од опозицијата

Пред пратениците Предлог-законот за минимална плата поднесен од опозицијата

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи новата 19.седница.

Пред пратениците како точка од дневниот ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ. Со законското решение се очекува висината на минималната плата во Република Северна Македонија да изнесува 27.700 денари во нето износ. Како што се посочува во законското решение објавено на собраниската веб страна, примената се очекува да започне да се применува со исплатата на плата за месец ноември 2024 година која ќе се исплати во месец декември 2024 година. Спроведувањето на овој закон ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 93.000.000 денари.

На дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ по скратена постапка. Со Предлог-законот се зголемува стандардот на граѓаните, им се овозможува поголема потрошувачка кошничка на најранливата категорија на граѓани. Со законските измени се очекува основните производи за човечка исхрана да се ослободуваат од повластена даночна постапка од 5 проценти. - Со членот 2 се воведува нов член 30-г со кој се уредува дека основните производи за човечка исхрана се ослободуваат од плаќање на данок на додадена вредност врз прометот и увозот и дека Владата ги определува поблиските добра и услуги кои спаѓаат во оваа категорија. 

Во прво читање на ова седница се - Предлог на законоѕ за изменување и дополнување на Законот за акцизите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за културата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности. Во второ читање - Предлог на законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан