• понеделник, 23 декември 2024

Прва конференција за Бариста во организација на ИТЕМ

Прва конференција за Бариста во организација на ИТЕМ

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Здружението на граѓани Институт за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, организира завршна конференција на проектот „Бариста - совршен познавач на кафе! - Поддршка на младите баристи од ЕУ “, дел од Еразмус + програмата на Европската Унија, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Како што информираат од здружението, конференцијата ќе се одржи во хотел Хилтон со почеток од 11 часот и на неа ќе бидат претставени резултатите од Проектот „Бариста“ кој трае една година. 

- Обраќање ќе има и Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, професори од областа на туристичката индустрија, но и претставници од секторот кафетерии, Specialty Coffee кафетерии, пржилница (Roаstery) за кафе и слично, велат оттаму.

Дополнуваат дека учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе околу важноста за оваа алка за туристичката индустрија, од итната потреба за едукација и стекнување вештини и компетенции на Бариста кадрите во туристичката индустрија, како и огромното значење на професијата Бариста. 

- Посебен акцент ќе биде ставен на можностите што ги отвора културата на кафе како почетна точка за развој на туризмот и економскиот просперитет на државите во иднина, особено во поглед на продажба на регионални производи и поттикнување на локалните економии што доведува до создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност, дополнуваат тие.

Здружението на граѓани Институт за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ ја организира конференцијата заедно со партнерските организации „Srednja sola za gostinstvo in turizem Maribor“ - Словенија и „Europe Route Education Youth Sports and CultureAssosiation“ - ERA Турција. ар/са/
Фото: МИА архива

Остани поврзан