• вторник, 24 декември 2024

Меџити на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

Меџити на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити е во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде денеска почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција на страните - COP29.

Меџити, како што информира владината прес-служба, заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Тој во рамки на COP29 ќе биде дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција.

Самитот за климатски промени, како што се наведува, служи како платформа за ветувања, обврски и акциски планови во согласност со целите на Парискиот договор, додека учесниците се шефови на држави и високи државни службеници од целиот свет. мд/са/

Фото: Влада 

Остани поврзан