Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”
- Во Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.
Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, академиците Влада Урошевиќ и Абдулменаф Беџети од МАНУ и проф. д-р Скендер Асани од Институт за духовно и културно наследство на Албанците. бт/дма/
Фото/ принтскрин