• сабота, 23 ноември 2024

„Македонија низ објективот на Арсени Јовков“ - VIII студиски ден на Институтот за национална историја

„Македонија низ објективот на Арсени Јовков“ - VIII студиски ден на Институтот за национална историја

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - На Институтот за национална историја денеска ќе се одржи VIII студиски ден. Темата е „Македонија низ објективот на Арсени Јовков“, а ќе биде презентирана од проф. д-р Валентина Миронска-Христовска.

На предавањето ќе присуствуваат претставници од фамилијата на Арсени Јовков, како и претставници од Бирото за филателија и Советот за марки. мч/нд/

фото: Институт за национална историја

Остани поврзан