• сабота, 31 август 2024

Концерт на ФАМЕ'С Институтот на Скопско лето

Концерт на ФАМЕ'С Институтот на Скопско лето

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Во рамки на програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето” вечер концерт ќе одржи оркестарот на ФАМЕ'С Институтот, во Сули ан.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика.

- Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт. Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота, стои во соопштението од организаторите.

ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културниентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти, програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практики, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот сонови композиции итн. Оваа програма овозможува високопрофесионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои сеовозможени во студиото на ФАМЕ'С. цр/ев/

Фото: манифестација „Скопско лето”

Остани поврзан