• недела, 15 декември 2024

Конференција за превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња

Конференција за превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња

Скопје, 10 декември 2024 (миа) - Конференција за превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња, со фокус на сајбер-насилство, ќе се одржи денеска во Собранието, организирана од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. 

Најавени се воведни обраќања на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани, извршната директорка на Македонското женско лоби, Даниела Димитриевска, претседателката на Европското женско лоби - ЕЖЛ, Илиана Балабанова, која ќе се вклучи со видеопорака, и Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и член на Извршниот комитет на Европското женско лоби.

На конференцијата ќе биде презентиран Извештај на ЕЖЛ за сајбер-насилството и европските практики во борбата против насилство врз жените и девојчињата, а излагања ќе имаат и претставници од Опсерваторија против насилство врз жените, Министерство за внатрешни работи, Основен кривичен суд Скопје, Националната бесплатна мобилна СОС-линија за жртви на семејно насилство при НСРР. хс/ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан