• четврток, 21 мај 2026

Комисијата за стилистика при МСК ќе дискутира за изработка на стилистички атлас на словенските литератури

Комисијата за стилистика при МСК ќе дискутира за изработка на стилистички атлас на словенските литератури

Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Во Институтот за македонска литература од денеска до 18 април ќе се одржи четвртиот колоквиум на Комисијата за стилистика при Меѓународниот славистички комитет, на кој ќе се дискутира за изработка на стилистички атлас на словенските литератури.

- Врз основа на достапните извори, не постојат стилистички атласи за словенските јазици и литератури, затоа и нивното толкување отсуствува, поради што беше потребно да се создаде наша сопствена дефиниција: стилистичкиот атлас е текстуално-картографски комплекс од структурирани информации и систематизирано знаење, што компактно ги одразува стилистичките (поетичките) карактеристики, феномени, процеси, маркери, техники, феномени..., нивната дистрибуција и фреквенција - соопшти Институтот.

Посочува дека создавањето стилистички атлас на словенските литератури е неопходно, корисно и барано на теоретско и на практично ниво. хс/бк/

Фото. МИА архива 

Остани поврзан