• среда, 25 декември 2024

Изложба „Средба со историјата: една слика – една приказна“ на Мирчо Матевски Рисимкин

Изложба „Средба со историјата: една слика – една приказна“ на Мирчо Матевски Рисимкин

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) – Во Мала станица вечер ќе биде отворена изложбата „Средба со историјата: една слика – една приказна на Мирчо Матевски Рисимкин“.

Матевски Рисимкин е роден во Скопје, во 1961 година. Го завршил Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во 1980 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1984 година, во класата на професорот Димитар Кондовски, а во 2012 година магистрирал на ФЛУ во класата на професорот Јован Шумковски. Член е на Друштво на ликовни уметници на Македонија од 1984 година.

Од 1998 до 2009 година живее и работи во Камбера, Австралија. Во периодот 2005 – 2007 година работел во Воениот музеј на Австралија (Australian War Memorial). По враќањето во Македонија, од 2011 до 2014 година работи во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Во 2014 година ја реализира изложбата „Патинирани цитати“ во Скопје (МКЦ) и во Охрид. Во 2014 година повторно заминува за Камбера, Австралија, а во 2021 година конечно се враќа со семејството во Скопје, каде што живее и работи како слободен уметник.

Куратор на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ, кустос во Националната галерија.вј/са/

Фото:Национална галерија

Остани поврзан