• понеделник, 16 декември 2024

Изложба „Заедно кон безбедни и сигурни чекори за исправени потпетици“

Изложба „Заедно кон безбедни и сигурни чекори за исправени потпетици“

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Во Клубот на новинари во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Заедно кон безбедни и сигурни чекори за исправени потпетици“, организирана од Иницијативата за права на жени од Шуто Оризари, по повод 16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство.

Како што соопштија од Иницијативата, со оваа изложба сакаат да ја поттикнат јавноста да почне отворен и искрен разговор за превенција на насилството, да ги поддржат жртвите и да се заложат за создавање на општество без насилство, каде секој поединец ќе се чувствува сигурно и почитувано.

-Нашата цел е е подигнување на свеста за семејното насилство и родово базирано насилство врз жени и девојчиња, превенција и заштита од насилство преку едукација на заедницата, донесување на законски решенија и обезбедување на безбедни простори за жртвите на насилство, вклучувајќи приватни центри, правна помош и психолошка поддршка, соопштија организаторите. бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан