• среда, 27 ноември 2024

Денови на португалска кинематографија во Кинотека

Денови на португалска кинематографија во Кинотека

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) – Во Кинтека на Македонија денеска започнуваат Деновите на португалска кинематографија на кои ќе бидат прикажани ремастирани копии на општествено ангажираните неколку децении стари филмски творби.

Како што информираат од Кинотека, филмовите се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, не само како обичен набљудувач на настаните туку пред сè како активен учесник во револуционерниот чин.

На репертоарот вечер од 20:15 часот е филмот „Оружје и луѓе“ (1975), утре во исто време „Трас ос Монтес“ (1976), а в петок од 18 часот филмот „Маскарас“ (1976). В сабота од 20:15 часот ќе биде прикажан филмот „Бегалец“ (1978). ар/лв/

Фото: Кинотека 

Остани поврзан