• петок, 20 декември 2024

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Во организација на Министерството за правда денеска во Апелацискиот суд Штип ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.
 
Како што информираат од Министерството за правда, настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.
 
-Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда, велат од Министерството.
 
Тркалезната маса е трета од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет. сст/аа/
 

фото МИА архива

Остани поврзан