• четврток, 06 март 2025

Без вода дел од Општина Гази Баба

Без вода дел од Општина Гази Баба

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Шеснаесетта македонска бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ бр. 8/2.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан