• петок, 26 јули 2024

Нафтен танкер потона крај брегот на Филипините, се излеаја 1,4 милиони литри нафта

Нафтен танкер потона крај брегот на Филипините, се излеаја 1,4 милиони литри нафта

Манила, 25 јули 2024 (МИА) - Нафтен танкер под филипинско знаме што превезувал 1,4 милиони литри нафта се преврте и потона денеска кај Манила, соопштија властите.

„Успеавме да спасиме 16 од 17-те членови на екипажот, еден е исчезнат“, изјави секретарот за транспорт Хаиме Баутиста на брифингот за медиумите. Силниот ветер и високите бранови ја отежнаа спасувачката операција, додаде тој.

Несреќата се случила рано утринава кога бродот Тера Нова „се преврте и потона“, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража. Откриена е нафтена дамка, а службениците за заштита на морето се мобилизирани во обид да ја ограничат. зш/

Остани поврзан