• сабота, 20 јули 2024

Наутро со услови за појава на слаба магла, во текот на денот сончево

Наутро со услови за појава на слаба магла, во текот на денот сончево
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Времето претежно сончево и потопло. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, во текот на денот сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 13 степени. И во петок ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, температурата повторно ќе се намали за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, па во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.

Остани поврзан