• сабота, 23 ноември 2024

Натпреварите во Бундеслигата може да продолжат на 9 мај без гледачи

Натпреварите во Бундеслигата може да продолжат на 9 мај без гледачи
Берлин, 20 април 2020 (МИА) - Сезоната во Бундеслигата може да продолжи на почетокот на мај. Натпреварите може да започнат на 9 мај, исредбите да се одржат без гледачи, изјави Кристијан Сејферт, генерален директор на Германската фудбалска лига (ДФЛ). - Добивме голем број позитивни сигнали. Ова отвора сериозни изгледи за обете лиги Бундес лига и втора Бундес лига - приближно. Ова е многу важна и позитивна вест за љубителите на сите клубови. Група лекари разви концепт - од тимско тренирање па се до натпревари. - Ова не се однесува само на она што се случува на терен, туку и до него. Ова е ризик, но клубовите ќе преземат одговорност. Политичарите ни веруваат, а ние, особено играчите, треба да дејствуваме во улога на модели. Зборуваме за мерки за хигиена и примерен однос кон прашањата на социјалните контакти. Многу е важно да се дејствува на дисциплиниран начин, ова се однесува не само за работодавците, туку и за навивачите. Што се однесува до натпреварите без гледачи, не може да се каже дека тие се исто толку добри и убави како и натпреварите со навивачите, но од гледна точка на економијата ова е единствената опција за Бундеслигата. Многу клубови ќе бидат зачувани, изјави Сеиферт. зс/

Остани поврзан