Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2025 година
- СООПШТЕНИЕ: Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2025 година, со која ќе почне остварувањето на новиот годишен циклус активности и проекти во согласност со законските надлежности и стратегиски области предвидени за следните три години со новиот Стратегиски план на Народната банка. Постојаното следење на современите трендови и практики и натаму е во центарот на вниманието на Народната банка во рамките на редовните активности поврзани со законските надлежности во областите на спроведувањето на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, управувањето со девизните резерви, економските истражувања и статистиката, ефикасноста на платниот систем и управувањето со готовината. Предвидените редовни работни процеси и проекти за 2025 година овозможуваат воведување промени во работењето заради зголемување на ефикасноста, квалитетот, транспарентноста и сигурноста, усогласување со новите законски барања и со меѓународните стандарди.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.