• петок, 25 октомври 2024

Направен нов паркинг за црквата Свети Атанасиј во тетовска Брвеница

Направен нов паркинг за црквата Свети Атанасиј во тетовска Брвеница

Тетово, 12 април 2023 (МИА) - Црковното настојателство при храмот Свети Атанасиј во Брвеница ги известува верниците кои за претстојните празник ќе го посетат храмот дека имаа можност да се паркираат на ново оформениот паркинг простор одзади црковниот објект пристапувајќи од кај основното училиште и градинката.  Паркингот е со големина од околу 400 квадратни метри.  

До таму се доаѓа со исклучување од главната улица лево пред бараката пред поранешната општинска зграда доколку се доаѓа од правец на Тетово или вртење десно после зградата ако се доаѓа од правец на Челопек.    
 
 
- За време на Богослуженија за Велигденските празници во црквата Свети Атанасиј Велики во Брвеница црквата во изминатиов период обезбеди паркинг простор за возила одзади црквата. Се препорачува користење на овој паркинг за поголема безбедност со оглед дека главната улица воедно е и фреквентен регионален патен правец, информираа од црковното настојателство.  
Црковниот храм информираше и за програма за Богослуженија за Велигденските празници. ас/цр 
 
Фото: МИА 

Остани поврзан