Наполи тргнува по Донарума
- На денот на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер, италијанските медиуми објавија дека првиот голман на парискиот тим е посакуван од Наполи.
Неапол, 31 мај 2025 (МИА) - На денот на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер, италијанските медиуми објавија дека првиот голман на парискиот тим е посакуван од Наполи.
Претседателот на актуелните шампиони на Серија „А“, Аурелио Де Лаурентис, очигледно има големи амбиции за следната сезона. Откако го обезбеди останувањето на тренерот Антонио Конте, а трансферот на Кевин Де Бруин, според сите извештаи, е прашање на време, сега сака да го врати еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума, во Калчото.
Планот на клубот е дополнително усогласен со информациите дека сегашниот голман на Наполи, Алекс Мерет, би можел да го напушти клубот и да се пресели во Милано, што отвора простор за доаѓањето на Донарума.
Сепак, останува прашањето дали ова е изводливо. Финансиите не се проблем за Наполи, но Донарума би морал да се согласи, а досега не коментирал за прашањето за напуштање на ПСЖ. дс
Фото: Архива