Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса"
- Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса", објавија од стручниот штаб.
Македонска Каменица, 2 јули 2022 (МИА) - Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса", објавија од стручниот штаб.
Оттаму истакнаа дека Ступиќ е второ засилување во клубот пред почетокот на новата сезона во Втората фудбалска лига - Исток.
-Почитувани фудбалски фанатици и навивачи на ФК ,,Каменица Саса". Со особена чест и задоволство ви го претставуваме второто засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Бошко Ступиќ. Бошко Ступиќ е искусен фудбалер, роден 1984 година и е поранешен играч на Леотар БИХ, Силекс, Вардар, Истра Хрватска, Работнички, Пелистер, Брегалница, Кизилстар Казахстан и Кит-Го Пехчево. Игра на позицијата напаѓач, се вели во објавата на ФК ,,Каменица Саса", се наведува во соопштението.
Претходно за клубот потпиша и Грегори Давков, поранешен фудбалер на Брегалница и Вардар, а клубот од М.Каменица во името на Иван Варадиновски доби и нов тренер.
Од клубот најавија дека засилувањата во пресрет на новата сезона ќе продолжат и во наредниот период. вс/свс