• вторник, 24 декември 2024

Намален вкупниот промет во индустријата 

Намален вкупниот промет во индустријата 

Скопје, 11 август 2023 (МИА) – Во јули годинава вкупниот промет во индустријата е намален за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец при што прометот  на домашниот пазар е зголемен за 2,1 отсто, а на странските пазари е намален за 0,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,4, Капитални производи за 1,3 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.

Вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 4,9 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, пак, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 14,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4  отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,2 отсто.

При тоа прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е зголемен за 3,8 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 1,5 отсто.

За разлика од него, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај  Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,5  отсто, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,7  отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,7 отсто и Капитални производи за 1 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 9,7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 5,9 отсто.вј/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан